15 Мај, 2024
0.2223

Заштита на околината-услов за инвеститање на меѓународните финансиски институции во хидроелектрани на Балканот

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Државните електростопанства на земјите од Балканот сметаат дека меѓународните финансиски институции, како што се Светската банка и Европската инвестициска банка, треба повеќе да ги финансираат новите проекти за изградба на хидроелектрани на Балканот.

Ова беше изнесено на дебатата на конференцијата Hydro Power Balkans 2017 која се одржа во Подгорица, Црна Гора, на која се дискутираше за проблемите во планирањето и изградбата на нови хидроелектрани.

Учесниците од земјите од регионот се согласија дека е потребно забрзување на сложениот процес на усогласување на дел од локалните закони со законите на Европската унија во делот на заштитата на животната средина, бидејќи меѓународните финансиски институции влегуваат во финансирање само на проекти за нови хидроелектрани кои ги запазуваат високите стандарди на ЕУ за заштита на околината.

Претставниците на АД ЕЛЕМ на конференцијата ја изнесоа заложбата за нужно инвестирање во производство на овој вид електрична енергија, како чиста и долгорочно најисплатлива и во тој правец ги презентираа идните развојни проекти, хидроелектраните Чебрен и Галиште и дел од Вардарска долина. Со оглед на тоа што овие проекти не се наоѓаат во заштитени подрачја за кои важат посебни одредби, истите предизвикаа интерес кај меѓународните инвеститори, како и кај производителите на опрема, присутни на конференцијата Hydro Power Balkans.

  АД ,, Електрани на Македонија,,

Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година