Добивај вести на Viber
Државниот инспекторат за земјоделство во досегашните контроли нема идентификувано присуство на афлатоксини во пченката.
Како што соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, се преземаат интензивни мерки за надзор на пченката што доаѓа од Србија и воедно се засилуваат и контролите.
- Мострите од пченката за човечка исхрана се веќе земени. Првите резултати од анализите се очекуваат утре попладне или во петок, истакна Рунтевски.
Испитувањето на микотоксините е дел од регуларниот мониторинг на Агенцијата што оваа година почна првпат да се спроведува.