Добивај вести на Viber
Овогодинешната заработувачка на директорот на компанијата Епл, Тим Кук, како што се проценува, ќе достигне 4,25 милиони долари, два отсто повеќе отколку во 2012 година.
Како што се наведува на американскиот сајт СЕЦ, годишната редовна плата на Кук изнесувала 1,41 милион долари, додека минатогодишната била нешто пониска, околу 1,36 милиони долари, додека висината на бонусот останла на минатогодишното ниво од 2,8 милиони долари. За пензиско осигурување уплатени му се 52,726 долари.