19 Мај, 2024
0.0470

ЗАРАБОТЕТЕ тргувајќи од дома со цената на акциите на Google

Објавено во: Мои пари 16 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

FXLider, специјално на читателите на “Фактор”, им подарува 50 евра како почетен капитал за тргување со цената на акциите на  Google и другите најголеми компании на светската берза. Земете 50 евра и започнете да тргувате на единствената берза на која можете да заработите и кога цените растат, но и кога цените опаѓаат. Земете 50 евра за тргување. Google во четврток, на 17 јули, ќе објави извештај за работењето во текот на вториот квартал. Како глобална технолошка компанија специјализирана за интернет услуги и производи кои вклучуваат пребарување, „claud computing“, софтвер и технолигија за он лине огласување, Google, повеќе години е доминантен кога е во прашање десктоп огласувањето. Android е оперативен систем чиј развој истотака го води Google и кој го користат повеќе од половина од сите продадени смарт телефони на повекето пазари. Сепак, како што е и случајот со другите компании од сличен карактер и Google има потешкотии во наплатата на мобилните услуги. „ Во текот на првиот квартал остварениот раст на приход од 19% на годишно ниво, не ги исполни очекувањата на пазарот бидејќи се очекуваше многу подобар резултат. Основна причина за овој пад е падот на цената на огласите по клик во последните две години. Сепак, овој пад донекаде е ублажен со комбинација на маркетинг кампањите преку таблетите и лаптопите односно екраните со различни големини“, вели m-р Никола Димков, сениор експерт во FXLider. Од самото основање на компанијата растот беше многу голем откако пребарувачот кој без сомнение стана најголем извор на информации во светот продолжи со нови производи, аквизиции. Во август 2011 година Google ја направи најголемата аквизиција до денес со купување на Motorola Mobility за 12.5 милијарди долари што беше стратешки потег со цел да се зајакне патент профилот. Со цел  зголемување на бројот на своите корисници откако во 2006 година го купи Youtube за  1.65 милијарди долари Google исто така неодамна најави уште една нова аквизиција. Овој пат тоа е Songza, која за 5.5 милиони активни корисници претставува еден од малите плеери во големата онлине музичка индустрија. Иако Google веке има јака позиција во оваа индустрија со Play Music и планови до крајот на годината да овозможи и Youtube streaming услуга, Songza би можела да и помогне во унапредување на Google-овите streaming radio функции посебно во собирањето и сортирањето на содржините што е една од најсилните страни на овој плеер. Еден од наредните чекори во работењето на Google е раст до кој ќе дојде со зголемување на бројот на лица кои ќе користат интернет и услуги на оваа компанија. Веќе подолго време Google сериозно истражува различни начини како тоа да се направи. На пример, на тешко пристапните места како што се некои делови на Нов Зеланд се тестираат балони кои ќе можат да емитираат wireless сигнал до потрошувачите, а исто така се разгледува и можноста со користење на сателити за оваа цел. Во некои делови од Соединетите Американски Држави, компанијата исто така подигнува и супер брз интернет преку оптичка мрежа, како што е Google Fiber. „Се очекува извештајот за вториот квартал оваа година да покаже дека воведувањето на новите услуги и производи придонело за нов раст за заработката. Освен тоа се повеќе расте популарноста на Youtube  и објективно е да се очекува и раст на приходите. На пазарот се очекува приходот да достигне $15.6 милијардни долари што е околу 8.4% раст на годишно ниво. Оптимизамот на основачите кога е во прашање иднината на оваа компанија ги доведе до тоа да после неколку години планирање, во април оваа година да дојде до поделба на акциите на оваа компанија. Во текот на наредните три месеци цената се стабилизира и со умерен но стабилен раст од 2.63% денес се движи околу 585 долари“, вели м-р Никола Димков од FXLider.    

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата