08 Мај, 2024
0.0233

ЗАРАБОТЕНИ МИЛИОНИ: Како фудбалот на Хрватската економија и донесе раст

Објавено во: Економија 21 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Хрватската стопанска комора соопшти дека големите спортски натпревари, особено европското и светското фудбалско првенство, доведоа до раст од 10 отсто во економијата на земјата.

„На денот на пречекот на фудбалерите, во третиот понеделник на јули, рестораните и кафулињата во Загреб заработиле 54,5 милиони куни (еден милион евра), што е за 2% повеќе од третиот понеделник во јули минатата година“, пренесуваат хрватските медиуми врз основа на информации од фискалниот систем.

Од друга страна, голем број на луѓе од Загреб и нивните гости три дена биле со часови по улиците на Загреб, а не во кафулиња и ресторани. Поради овој факт, голем број продавници работеле со скратено работно време или дури и не работеле. Затоа, прометот во трговијата на мало изнесува скоро 300 милиони куни (5,7 милиони евра) 4% помалку отколку во претходната година. Претходно, хрватската стопанска комора објави дека од сите натпревари рекордот на потрошувачка го донесе полуфиналниот натпревар против Англија на 11-ти јули. На овој ден 312,5 милиони куни (5,9 милиони евра) биле потрошени во продавниците, што е за 3,12% повеќе од истиот ден минатата година. Кафулињата и рестораните на овој ден пријавија промет од 28,7 милиони куни (540.000 евра), што е за 17 отсто повеќе од минатата година. На денот на финалето, прометот се зголемил за 13%.

На 15 јули, кога финалето беше одиграно и на 16 јули, на денот на пречек на играчите, бројот на туристите е зголемен за 27 отсто, а бројот на ноќевањата е за 25 отсто во споредба со истиот ден минатата година, објави туристичката индустрија во Загреб . Во главниот град присуствуваа не само туристи, туку и медиумите од 20 земји, не само од Европа. "Значи можеме да кажеме дека целиот свет беше во Загреб и Загреб беше насекаде во светот", вели Мартина Биненфелд, директор на туристичката заедница во Загреб.


foto: Vijesti.me

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката