15 Мај, 2024
0.0263

ЗАПРЕНА ПРОДАЖБА: Падот на рубљата удри и по авто-компаниите

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Најновиот пад на вредноста на рубљата бил толку штетен по профитот на странските произведувачи на автомобили, што некои од нив привремено ја запреле продажбата во Русија.

„Џенерал Моторс“ (GM), кој во Русија има и свои производствени погони, во половината на декември одлучи провремено да престане да прима уплати на купувачи, како би го намалил ризикот на бизнис и загуби.

Во таа компанија велат дека возилата со марка „Шевролет, Опел и Кадилак“ кои се претходно платени, ќе бидат испорачани по договорената цена. „GM“ уште не знае кога ќе продолжат со продажбата во Русија.

Во исто време, „Ауди“ исто така ја запре продажбата на автомобили, додека производството во локалната фабрика во градот Калуга ќе биде прекинато во период од 22 декември до 12 јануари, но поради новогодишните и божиќните празници.

Портпаролот на „Ауди“ во Русија изјавил дека продажбата ќе биде продолжена кога ќе се формира новиот ценовник.

Од друга страна, автомобилите на „Фолксваген“ и понатаму можат да се купуваат, но германскиот произведувач соопштил дека е „многу загрижен поради моменталната состојба на рускиот пазар“.

„Јагуар Ленд Ровер“ кој е во сопственост на индиската компанија „Тата Моторс“, ќе ја запре продажбата во Русија од денеска, „поради моменталната економска состојба“ во таа земја.

Тојота засега не планира да прекине со продажбата, но е принудена да ја корегира цената како би се прилагодила на актуелните услови на работа, соопштуваат од таа компанија.

Рубљата од јуни 2014 девалвираше повеќе од 40 одсто, што влијаело на соработката со странски авто-компании. Се проценува дека БМВ само во послениот квартал од година ќе забелеќи загуби помеѓу 100 и 150 милиони евра, ако падот на руската валута достигне 50%.

Можеби ќе ве интересира

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија