02 Мај, 2024
0.0353

Започнаа карневалските празнувања во Струмица

Објавено во: Стил 15 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Со концерт под маски на учениците од музичкото училиште „Боро Џони“  синоќа беа најавени карневалските свечености во Струмица. Инаку карневалот во  Струмица официјално започнува денеска со традиционалниот маскенбал во хотелот „Сириус“ на кој ќе бидат избрани принцот и принцезата на струмичкиот карневал. На маскенбалот градоначалникот Заев ќе биде маскиран во ОГАН, а неговата сопруга Зорица ќе биде МРАЗ. Главната интернационална вечер ќе се одржи в сабота со учество на групни маски од Турција, Полска, Бугарија, Хрватска, Србија. Албанија, Црна Гора, Словенија и Македонија, а веднаш по тоа следуваат трите дена од празникот Тримери со бројни програмски содржини.