18 Мај, 2024
0.0631

ЗАМРЗНАТИТЕ ЦЕНИ НА ЈАЈЦАТА СЕ ИСТИ ВЕЌЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ - производителите велат има недостиг во регионот, побарувачката расте

Објавено во: Економија 23 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Замрзнатите цени нема да ги намалат трошоците, велат граѓаните по одлуката на Владата за проширување на листата на продукти чии цени не смеат да се зголемуваат.

Се жалат дека во споредба со лани, цените на скоро сите производи се зголемени, што го прави замрзнувањето на цените на јајцата и оризот скоро небитно.

-  Сегашното замрзнување на цените е скоро небитно. Се замрзнуваат цените откако го достигнаа плафонот. Јајцата ги купувавме по 6 денари, откако започна бранот се зголемија на 10, сега ги замрзнаа. Да не збориме дека се поскапе, па овие замрзнувања нема да имаат никаков удел врз семејните трошоци. Идат празници, вообичаено ги поскапуваа јајцата за Велгден, овој пат нема да имаат таква можност, ама јајцата се секако веќе многу поскапи од лани, а посто се поскапе ќе мора да намалиме на вапцање јајца – вели една средовечна жителка на главниот град.

Податоците на заводот за статистика покажуваат дека лани во месец јануари јајцата се продавале по цена од 8,39 денари, просек за цела земја. Годинава исто во јануари цената на јацата пораснала на 10,63 денари.

Инволвираните во бизнисот посочуваат оти замзнувањето на цените не би требало да ги оштети компаниите, но не ја исклучуваат таа можност.

Абдулезел Догани, претседател на Групација на живинарство при Стопанската комора на Македонија за Фактор посочува оти согласно сегашните цени компаниите од секторот не би требало да имаат загуби, но не ја исклучува можноста некои од помалите компании сепак, да се најдат во незгодна ситуација.

-  Ова се истите цени по кои ги продаваме јајцата изминативе шест месеци. Не очекувам дека ќе има големи промени, кои би предизвикале значително зголемување на влезните трошоци во производство на јајца. Поголема беше опасноста да растат цените поради зголемена побарувачка. Овој период поради двојните празници расте побарувачката на јајца, расте и во соседството, што создава притисок и врз цените. Сигурно дека ќе се одрази врз профитите, но мислам дека нема да се работи со загуби, а и секако и ние како компании треба да покажеме општествена одговорност и да ги почитуваме одлуките, особено имајќи предвид дека замрзнувањето на цената на јајцата не треба да резултира со работење со загуби – потенцира Догани. Додава дека иако е тешко да се предвиди како ќе се движат работите во иднина, сепак, вели нема наговестување дека ќе поскапат влезните трошоци, поради што не очекуваат да имаат раст на трошоците, што би ги довело во незгодна позиција поради ограничените цени.

Петранка Огнаноска

Фото: freepik.com/weyo

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра