05 Мај, 2024
0.0232

Законските измени: Се прави регистар на увозници на вино, нови обврски за винариите

Објавено во: Агробизнис 17 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Доуредување на односите меѓу производителите на винско грозје и на вино, заштита на нивните интереси и на интересите на потрошувачите, подобрување на функционалноста на внатрешниот и надворешниот пазар на винското грозје и виното, како и уредување на увозот на вино во Република Македонија, се основните цели на измените и дополнувањата на Законот за вино кои денеска го поминаа првото читање во собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со новиот Предлог текст се предвидуваат дополнителни механизми за обезбедување гаранции за исплата на земјоделските производи со цел надминување на досегачните проблеми со откуп на грозјето.

„Винарските визби се обврзани да доставуваат финансиски извештај за исплатеното грозје, односно за подмирените обврски кон лозарите во претходните години. Ако тоа не го сторат, нема да добијат дозвола за натамошен откуп“, посочи ресорниот заменик министер Зоран Коњановски.

Од аспект на здружувањето на производителите на вино, законот предвидува основање македонска национална асоцијација на винарии. Нејзини членови може да бидат сите регистрирани производители на вино во Македонија. Се предлага и воспоставување регистар на увозници на вино со цел водење конкретна, точна евиденција на внесените количини, додека за подобрување на функционалноста на надворешниот пазар ќе се уреди и сегментот извоз на производи од винско грозје и производи од вино што во постојното решение не беше доволно третиран.

Измени има и во прекршочните одредби кои во досегашната примена на Законот не го остварија посакуваниот ефект. Со Предлогот се предвидува зголемени глоби за дел од прекршоците кои сериозно го загрозуваат функционирањето на пазарот и можат да имаат негативно влијание на здравјето на потрошувачите на вино, стои во образложението.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?