27 Април, 2024
0.0305

ЗАКОНСКИ „СТОП“ за присилно извршување кај социјално загрозени граѓани

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Дали ќе се надминат долгогодишните проблеми кои ги имаа граѓани како должници без притоа да се генерираат нивни нови егзистенцијални проблеми, што и позитивно ќе се одрази врз општеството, ќе покаже времето.

Откако Владата предложи измени во Законот за извршување, по скратена постапка тие се усвоени.

За ова информираше претставникот, предлагач на измените во законот, министерката за правда Рената Дескоска.

Министерката соопшти дека со овие законски измени од присилно извршување целосно се изземаат примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош  од социјалната заштита,  примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност  на старите лица, согласно прописите за социјална сигурност на старите лица. Ова всушност е и член 1 од предлог законот.

Членот 2  ги дополнува ограничувањата на извршувањето и тоа од 1/3 на 1/5 од плата и пензијата  за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци  за сместување на лице и надоместок за згрижување  на згрижувачко семејство, како и  за децата корисници на семејна пензија, додека од друга страна членот 3 предвидува  примена на законските одредби и за веќе започнатите извршувања, со оглед дека овој закон е поповолен за граѓаните и е во склад со членот 52 став 4 од Уставот на Република Северна Македонија.

Имено, со овие законски измени, се оечкуваат големи придобивки од социјален  карактер за наведените категории на социјално економски план.

Предложените измени и дополнувања на Законот за извршување  се во насока на начелото за заштита на личноста, достоинството и интересите на  должниците и на нивните семејство, соопштија предлагачите кога беа објавени предлог измените.

А Фактор неодамна анализираше Кои се и колку заработуваат македонските ТОП 10 извршители, а од она што го заклучивме стана јасно дека:

- Лани извршителската индустрија вработувала 555 лица.
- Сите извршителски канцеларии заедно оствариле вкупен приход од 13,4 милиони евра.
- Расходите за нивното работење лани изнесуваат 8,4 милиони евра
- Нето приходот пред оданочување (добивката н.з.) односно извршителските награди на ниво на гранка изнесуваат 5 милиони евра!
-Просечната плата на вработен во извршителска канцеларија лани била 21.904 денари

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“