17 Мај, 2024
0.0332

Законот за јавно обвинителство влегува во Собрание без договор на власта и опозицијата

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Законот за јавно обвинителство влегува во собраниска процедура оваа недела без претходен договор помеѓу власта и опозицијата. Во петокот имаше уште една неуспешна средба на работните групи, а од утре расправата започнува во парламентарната Комисија за политички систем за формирањето на јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција. Ова веќе го најави техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој повика политичките партии да го поддржат.

На собраниската комисија ќе учествуваат и домашни и странски експерти, како и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, чие присуство го бараше ВМРО-ДПМНЕ како услов да продолжат преговорите. Тоа и беше причината поради која најголемата опозициска партија ја напушти средбата на партиските работни групи со министерката за правда Рената Дескоска во Собранието.

-Посебно сакам да ги повикам пратениците од парламентарната опозиција, од најголемата опозициска патија да престанат со партиски калкулации, со политиканство, со ставање на своите политички, лични интереси пред интересите на државата и конечно да се вградат во еден закон што ќе значи гарантирано зголемување на правдата, гарантирано зголемување на судството, на јавното обвинителство, од една страна и второ да помогнат барем еднаш сега да ги оствариме нашите интереси во делот на законот за јавно обвинителство и добивањето датум за почеток на преговорите, рече Спасовски.

Претседателот на владеачката СДСМ, Зоран Заев, веќе рече дека законот ќе се изгласа најдоцна до 11 февруари, пред распуштањето на Собранието и распишувањето на предвремените парламентарни избори и дека очекува двотретинско мнозинство за изгласувањето.

Министерката Дескоска рече дека во амандманите на опозицијата можно е да се кријат задни намери, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоки, најави дека неговата партија ќе учествува активно доколку се прифатат нејзините забелешки.

– Ако постои реална желба од страна на Владата да се прифатат забелешките на опозицијата кои се аргументирани фактички тогаш зошто да не го донесеме тој закон. Но, доколку не постои таа желба тогаш тоа е тоа, наведе Мицкоски.

Амбасадорите на влијателните земји-членки, како и европските челници кои неодамна ја посетија Македонија напоменаа дека, иако не е услов за евроинтеграциите, за Брисел ќе претставува добра порака изгласувањето на законот пред распуштањето на Собранието.


Можеби ќе ве интересира

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник