01 Мај, 2024
0.0286

ЗАКОНИ ИМА, АМА ИСТО КАКО ДА НЕМА: Ќе се маршира за чист воздух

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Попладне низ улиците на главниот град ќе поминат марширачи за чист воздух.

Во организација на Коалицијата за чист воздух О2 и првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ заедно со уште 18 граѓански, невладини организации ќе упатат апел во зимата да се преземат краткорочни, но и долгорочни мерки за намалување на загадувањето а очекуваат да добијат поддршка од  централната власт, но и од новите градоначалници.

Маршот ќе стартува од пред Владата, ќе продолжи низ  булеварот „Илинден“ и булеварот „8 Септември“-таму ќе се спојат со партнерските граѓански организации „Ние сме Карпош 4“ и „Карпош 3“ кои исто така ќе имаат мирен протест.

Организаторите велат дека Закони има, ама не се почитуваат. 

„Иако според Уставот на РМ здравата животна средина му е загарантирана на секој граѓанин на нашата земја, во последниве години сите сме сведоци дека во реалноста ова не е така. Имаме енормна стапка на загаденост, незапаметен број на заболени лица, како и на смртни случаи, директно предизвикани од загадениот воздух во критично загадени општини во Македонија. Загадувањето во Македонија се должи на многу причини, од кои главните се: противзаконското работење на индустриските погони (без инсталација на соодветни филтри и без придржување до пропишани стандарди), непланското уништување на урбаното зеленило, незаконската и агресивна урбанизација, неспособноста за управување со отпадот, застарените решенија за транспорт, греење итн. Заеднички именител за сите овие е неспроведувањето на законите во РМ“, посочуваат организаторите.

Тие се надеваат на поддршка од народните избраници.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија