18 Мај, 2024
0.0380

Захариева: Во договорот со Македонија црвени линии се заедничката историја и откажувањето од претензии

Објавено во: Балкан 07 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Се надеваме дека договорот за добрососедство со Македонија ќе биде потпишан во почетокот на август. Ова го изјави министерот за надворешни работи Екатерина Захариева пред новинарите во врска со договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, пренесоа бугарските медиуми.

 „Тоа е долг процес, кој започнал во 2008 година“, рече Захариева и појасни дека земјите поминале низ 11 круга преговори. „Овде, кога беше премиерот Заев, се одржаа преговори на високо ниво и се надеваме дека ќе биде финализиран проектот на договор за пријателство и добрососедство по толку години. Ние треба да ја искористиме оваа можност. Знаете дека ние секогаш сме биле отворени во исто време и не сме добиле таква реакција од страна на македонските влади“, додаде Захариева.

Како што пренесуваат соседните медиуми, таа посочила дека уште пред потпишувањето на заедничката декларација од 1999 година Бугарија направила компромис во врска со јазикот на кој е потпишан документот. 

Министерката Захариева посочила дека јазичната клаузула е иста и таа нема да се менува. 

„Декларацијата е јавна можете да ја прочитате. Договорот се потпишува во два примерока на официјалните јазици. На бугарски согласно Уставот и на македонски, согласно Уставот на Република Македонија“, објаснила таа. "

„Посетата на премиерот Заев тука, согласноста му да оддаде почит на цар Самуил на неговиот споменик во Софија, поканата кон премиерот Борисов да го слават заедно Илинденското востание - тоа се сепак први чекори. Потребни се многу повеќе“, додаде Захариева. 

„Сигурно, ако успееме на финалниот круг преговори да постигнеме финална согласност за проектот на договор, категорично Бугарија нема каде повеќе да прави компромис од компромисот, кој го има направено во 1999 година“, изјавила Захариева, мислејќи на декларацијата потпишана тогаш меѓу Бугарија и Македонија . „Текстот е следниов: Потпишана во Софиjа на 22.02.1999 година, во два примерока, од кои секој на официјалните јазици на двете земји - бугарски, согласно Уставот на Бугарија и македонски, согласно Уставот на Македонија. Двата текста се еднакво веродостојни“, изјави Захариева.

„Исто така текстот во однос на заедничката историја беше претставен и тоа е една од другите црвени линии. Третата е пак текст од декларацијата од 1999 година за воздржување и ништо од Уставот на Македонија не може да биде искористено за претензии од нејзина страна за малцинства во Бугарија и заштита на правата на лица кои не се нејзини државјани. Нема што повеќе да додадам на оваа тема. Голем број влади работеа и многу важно е, не само конкретното потпишување што несомнено е исклучително важно“, изјавила Захариева.

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?