ЗАГРИЖУВАЧКИ: ММФ предвидува пад на растот на глобалната економија
Објавено во: Економија, Свет 11 Октомври, 2015
ММФ предвидува влошување на изгледите за раст на светската економија во среден план. Meѓународниот монетарен фонд ова го наведува во завршниот документ од годишната средба на организацијата во перуанскиот главен град Лима, пренесоа агенциите.
Заздравувањето на светската економија продолжува, но растот останува скромен и нерамномерен. Несигурноста и флуктуациите на финансиските пазари се засилија, а среднорочните изгледи за економски раст ослабнаа ", велат од ММФ.
Глобалните ризици освен тоа се зголемија, според организацијата, која сепак ги признава напорите на развиените земји за надминување на кризата.
Бројни земји во развој се соочуваат со построги услови за финансирање, намалување на капиталните притоки, како и монетарен притисок поврзан со високата монетарна задолженост во приватниот сектор, истакнува Фондот.
Уште посилно намалување на цените на суровините може да ги ослабне економиите на земјите извозници, од кои многу земји се со ниски приходи на населението.
Настаните во некои земји создадоа текови бегалци што предизвика проблеми и за двете страни - оние кои го губат населението, и оние кои се принудени да го прифатат, потсетува ММФ.