12 Мај, 2024
0.0269

Загадена е водата во Охридското езеро

Објавено во: Македонија 11 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Фекалии се влеваат во во Охридското Езеро. Најкротично е на северниот дел на езерото, а според податоците на Центарот за јавно здравје од Охрид утврден површинските води кај плажата „Грашница“ во Охрид и кај пумпната станица на Колекторскиот систем за заштита на езерото кај селото Подмоље се сериозно загадени.

И двете мостри за испитување покажале дека водата е од четврта и петта категорија.

„Кај Грашница и Подмоље во земените мостри се пронајдени поголеми количества на амонијак и нитрити. Уште на самиот увид на лице место е констатирано излевање отпадни, фекални води од колекторскиот систем во езерото, и од тие причини ниското ниво на квалитет на водата“, рече Сашо Точков директор на Центарот за јавно здравје од Охрид.

Од Центарот се надеваат дека со стабилизирање на хидролошката ситуација во регионот и со намалувањето на количеството отпадни води ќе се подобри и квалитетот на водата во езерото.

Мострите од источниот дел на крајбрежјето односно кај хотелот „Метропол“ од каде се црпи вода за потребите на Градскиот водовод во Охрид, како и од кај кејот на езерото во самиот град покажале висок квалитет на водата од прва и втора категорија.

Сепак посочуваат од Центарот за јавно здравје изминатите месеци забележана е поголема матност на водата, особено кај селските водоводи.

„Матноста може да последица на зголеменото количество на вода. Сите други индикатори, како микробиолошки така и  хемиски, поакажуваат дека водата е здравствено безбедна и квалитетна за пиење“, појасни Точков.

Во услови на неповолни хидролошки состојби со зголемено ниво на водотоците од сливот, како и на самото ниво на Охридското Езеро, доаѓа до мешање на фекалните односно канализациските со атмосферските води. Истовремено доаѓа до потопување на дел од преливните шахти на цевководите од Колекторот, кој нема капацитет да ја прими сета таа вода, која завршува во Охридското Езеро и го загадува.

И во минатото од „Проаква“ укажуваа на потребата од поголема контрола на нивото на езерото токму од причина да не дојде до потопување на преливните шахти, што доведува до енормно оптоварување на системот и предизвикување дефекти, како и до излевање на фекалната вода во езерото и негово загадување.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор