18 Мај, 2024
0.0444

Заев: Веќе 3-ти или 4-ти пат користам хеликоптер

Објавено во: Македонија 02 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев вечерва во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека досега 3 или 4 пати за службени потреби користел хеликоптер на МВР. 

Вели дека не е проблем да даде одговор на ова прашање, но и дека како премиер често пати знае да патува со приватен автомобил. Заев рече дека можеби има страв од летање, но мора.  Заедно со министри денеска со хеликоптер патуваа до Прилеп и назад. За ова имаше критики од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Срамно е оправдувањето на владата на Заев дека тој и Филипче патувале во Прилеп со хеликоптер за да имале време за дневните агенди и кабинетски обврски. Нивната измислена обврска денес, поради која се потрошија илјадници евра, беше само да се сликаат кај модуларната болница која е во градба – бидејќи со лопати во раце не ги видовме. Нивната реална обврска не е да летаат со хеликоптер туку да набават вакцини за населението. Заев и Филипче ја злоупотребуваат моќта летнати во облаци, додека обичните граѓани се изложени на загаден воздух и смртоносен вирус“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. 

Велат дека за ова мора да има одговорност. 

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци