02 Мај, 2024
0.0252

Заев: Утре ќе објавиме за минималната плата

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев најави дека утре може да биде објавено за тоа колку ќе изнесува новата минимална плата за работниците. Ова беше најавено на Регионална конференција „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата“.

- Работиме на ново покачување на минималната плата. Ако дијалогот заврши вечерва или утре сабајле, утре ќе објавиме. Ние вече еднап ја зголемивме минималната плата за 50.000 работници во трудоинтензивните дејности, ја зголемибме помошта за 12.000 стечајци, а им помогнавме и на и старите лица кои останале без пензија, рече Заев, обраќајки се на отворањето на конференцијата.

На истата присуствуваа гости од Светска банка, УНИЦЕФ, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за здравство Венко Филипче и други гости од странство.

- Креираме политики со кои ги враќаме парите кај граѓаните. Правиме реформи во системот на социјалната заштита за илјадници наши сограѓани. Имаме резултат во вложувањето во раниот детски развој и намалувањето на детската сиромаштија за да овозможиме еднаква шанса.  Од минатата недела немаме дете под три години во безличните институции на државата. Социјалната помош на граѓаните е повисока за 300 проценти, што не се памети во нашата држава, додаде Заев.



Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?