17 Мај, 2024
0.1365

Заев: Променет е целиот комитет за историски прашања со Грција, освен еден член

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев во интервјуто за „МЕГА“ во Грција откри дека пред една недела речиси целосно е променет македонскиот седумчлен тим во интердисциплинарниот Комитет меѓу Македонија и Грција за историски, археолошки и образовни прашања, кој треба да ги модификува учебниците по историја и географија за основно и средно образование. Новоформираната Влада ги променила сите членови освен еден.

„Комитетот за историја започна да функционира, но кога дојде новата влада одлучи да го смени комитетот. Пред една недела ги финализираа имињата на новите членови. Само еден член остана од стариот комитет и новиот комитет е подготвен да продолжи дури и без договор по одредени детали.

Се разбира, новите комитети во нашата земја се грижат за новите публикации и започнаа да го менуваат името на земјата во Северна Македонија.

Бидејќи кај нас државата ги купува книгите, на секои 5 години има ново издание. Кога ќе се направи нова верзија, таму се применува нашиот нов Устав.

Имаме нов устав и тој ја споменува Северна Македонија, затоа не се потребни комитети за да се постигнат договори за некои прашања. Ние ги имплементиравме веднаш, но имам позитивни информации од нашиот комитет дека тие ќе најдат решенија“, вели Заев во интербјуто со грчкиот медиум.

Членовите на Комитетот првата средба ја имаа пред две години, но засега во јавноста има малку информации за постигнатите резултати во овој дел од Преспанскиот договор. На чело на истата беше назначен Виктор Габер.

Заев е во Атина заедно со вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи, како и со министерот за надворешна работи Бујар Османи на собирот на „Економист“.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање