Заев побара Мицкоски да не ги коментира судските пресуди
Објавено во: Македонија 26 Март, 2019
Премиерот Зоран Заев вечерва во тв дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Канал 5 изјави дека требало да се симне имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски.
Тој вели дека реакциите нивни се познати и како тие реагираа. Заев побара Мицкоски да го осуди јавно насилството кое се случи на 27 април 2017 година во Собранието.
Мицкоски рече дека неколку пати го осудил насилството, и рече дека никогаш не треба да се повтори. Го осуди и чинот кој доведе до тоа насилство, но и казните од два века.
Тој казните ги спореди со оние изречени за луѓето кои се вратиле од Сирија, и биле припадници на ИСИС, а се три пати помали.
Заев рече дека не е дозволено политичарите да ги коментираат судските пресуди.