29 Април, 2024
0.0291

Заев по една година се враќа на местото каде што „никна“ Преспанскиот договор

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска со Светскиот економски форум започнува собирот на најбогатите и најмоќните на Давос, со тоа што лидерите на САД, Франција, Русија и Кина нема да бидат меѓу 3.200 учесници на Форумот, но затоа ќе присуствуваат Ангела Меркел, Шинзо Абе и Бенјамин Нетенјаху.

ММФ проценува дека намалувањето на глобалниот раст, слабеење на кинеската економија, растот на песимизмот меѓу бизнис лидерите во светот изголемувањеро на јазот меѓу богатите и сиромашните ќе бидат темите во Давос.

На самитот на бизнис лидери и политичари на швајцарските Алпи ќе учествуваат претставници на повеќе од 100 земји, меѓу кои македонскиот премиер Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши.

Инаку Давос е местото каде точно пред една година беше забележан клучен исчекор во напредокот на преговорите за решавање на спорот за името помеѓу Скопје и Атина. Тогаш на маргините на Светскиот економски форум се сретнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, пред да започне низата од состаноци помеѓу министерот за надворешни работи Никола Димитров и тогашниот шеф на грчката дипломатија Никос Коцијас. Веднаш по тие средби започна и серијата средби на медијаторот на ОН, Метју Нимиц, со делегации од двете страни во наредните десетина дена. Во таа фаза интензивно комуницираа владините претставници и дипломати за балкански прашања.

"Ако погледнете наоколу, ќе се види дека сите се занимаваат со управување со кризи. Во Давос сакаме долгорочен поглед на ова", изјави Клаус Шваб, основач на Светскиот економски форум во седиштето на организацијата недалеку од Женева.

Давос треба да биде место каде што лидерите се справуваат со пошироки прашања, рече Шваб, а ќе се анализираат и идните ефекти на тековната дигиталната револуција на темата  "Глобализација 4,0: Обликување на глобалната светска архитектура во ерата на четвртата индустриска револуција".

Состанокот на СЕФ оваа година во Давос се одржува од 22 до 25 јануари. Оваа година Заев нема да има средби со Ципрас, кој води борба во грчкиот парламент за обезбедување на гласови за ратификација на Преспанскиот договор што се очекува да заврши со гласање в четврток.

Наместо тоа,. премиерот годинава ќе се сретне со Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.


Можеби ќе ве интересира

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните