26 Април, 2024
0.0303

Заев од Лондон: Со НАТО се исполнува нашиот сон, се надеваме дека и ЕУ набрзо ќе ја исправи грешката

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

„Задоволни сме што ќе станеме 30 членка на НАТО. За регионот, за Западен Балкан, но и за нашата држава, многу ќе значи поголемата безбедност и сигурност што ја носи Алијансата, но и очекуваме да се зголемат странските директни инвестиции. Балканот беше полн со конфликти и етнички војни, но тоа ќе стане минато. Ние после приемот на Црна Гора сме следна земја членка“. Ова меѓу другото, го порача премиерот Зоран Заев од Лондон, на панелот „Разговори – Одбрана и превенција за новата ера“, во рамките на конференцијата „НАТО се ангажира: Иновирање на Алијансата“. 

Заев заедно со владина делегација е во Лондот, каде НАТО Алијансата на Самиотот ја прославува 70-годишнината од своето постоење.

Нашите жители, граѓаните на Република Северна Македонија многу веруваат во НАТО, ние заради таа цел го променивме дури и нашето уставно име, кое сега е Република Северна Македонија. Веќе немаме отворени билатерални прашања со соседите, рече премиерот.

„Влезот во НАТО ќе биде исполнување на нашиот сон. Тоа беше нашата стратешка цел, нашите млади граѓани да не бидат повеќе дел од конфликти и војни, туку да живеат во мир, да го делат мирот со светот. 

Целта е и што повеќе да се обезбеди владеење на правото, демократијата и слободата. 

На прашањето како земјава ќе гарантира дека ќе ги исполни бараните стандарди од НАТО, а тоа е два отсто да се одвојува од БДП за одбрана до 2024 година, премиерот рече дека во последниве години земјава двојно ги зголеми трошоците за одбрана, па од 0,8 отсто, тој процент сега е 1,4 отсто од БДП. „Мислам дека и порано од предвидениот рок ќе ја достигнеме целта од 2 проценти“, рече премиерот. 

Прашан што мисли за одбивањето на Франција да се одобри датум за почеток на преговори со Европската унија, и дали тоа беше „удар по заби“, премиерот нагласи дека тоа беше нефер постапка кон нас. 

„Имавме позитивна препорака и потврда дека земјава 100 отсто ги има исполнето реформите. Ги решивме и отворените прашања со Бугарија и со Грција, заради што го сменивме и нашето уставно име. Но Франција смета дека на Европа и треба повеќе време за да се реформира. Сите други држави беа согласни дека ги исполнивме реформите. Тоа за нас беше вознемирувачки, и ние бевме разочарани. Но, ние ќе продолжиме со реформите и веруваме дека таа грешка на Европската унија, набрзо ќе биде надмината“, нагласи премиерот Зоран Заев.  


Можеби ќе ве интересира

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите