14 Мај, 2024
0.0264

Заев: Ние што направивме нашата земја да биде призната од цел свет, ние сме патриоти, а не тие

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Нашата земја сега е призната од целиот свет, исто како и јазикот и идентитетот. Затоа, тие не треба да се прават патриоти.

Ова го порача лидерот на СДСМ Зоран Заев од вчерашниот митинг во Кавадарци.

„Навистина успеавме да оствариме вековни соништа на нашите предци, ние сме сега центарот на Европа, имаме парче земја призната од целиот свет, исто како и јазикот и идентитетот. 30 години ниту еден политичар немаше мудрост и храброст да донесе одлука, да повлече потег. Дојдов јас, Зоран Заев од струмичко Муртино, и повлеков потег. Цели генерации се уништија за да можат политичарите да останат на власт, да имаат пари и моќ. Денес, нашата држава е призната од цел свет, впишана во архивите на ООН, а таму пишува Македонци, пишува македонски јазик. Кога зборував на македонски јазик во Европскиот парламент и кога изустив дека ми е драго што можам да зборувам на нашиот македонски јазик, цел парламент аплаудираше и потврди дека нашиот јазик постои“, рече Заев. 

И сега тие се патриоти, а ние не сме, праша лидерот на СДСМ. 

„Оние кои го слават Тодор Александров, тие се патриоти? Оние кои го негираат Блаже Коневски се патриоти? Ние не сме патриоти што седиме до светските лидери и држиме говори еден по друг, не сме патриоти што го дигнавме нашето знаме пред седиштето на НАТО? Ова е патриотизам и можат само да учат. Ние го остваруваме тоа што три децении само се зборува и се ветува, и сега кога е исполнето, ние не сме патриоти?“, рече Заев.

Тој ги повика граѓаните на 15 јули да излезат и да ги изберат вистинските патриоти, оние кои и мислат добро на државата и оние кои и ја градат европската иднина.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада