Заев негира дека некогаш го имал разговорот на Милошоски
Објавено во: Македонија 08 Март, 2020
Исто како и техничкиот премиер вчера, така и Зоран Заев денеска тврди дека прислушуваните разговори кои сега излегуваат во јавноста не се тие кои СДСМ ги поседуваше. Лидерот на партијата вели дека се што поседувал предал во Специјалното јавно обвинителство и бара МВР да ги истражи случаите односно да најде кој пушта такви материјали.
„Ние тогаш сите материјали кои ги имавме по Пржинскиот договор ги предадовме во СЈО Го повикувам МВР да се вклучи околу тоа кој објавува „бомби“, рече Заев.
Завчера беше објавен разговор на Јутјуб на кој се слушаат пратеникот Антонио Милошоски и екс претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
Заев вели дека во СДСМ, според нивна проценка, имале околу 30 проценти од прислушуваните материјали и истите дел во аудио, но и во форма на транскрипти ги дале во СЈО. Додаде и дека се штообјавиле во јавноста воделе сметка да не задира во приватноста и вели дека се сеќава дека не имале ваков разговор.
А завчера Милошоски тврдеше дека материјалите потекнуваат од З.З. како што рече.