02 Мај, 2024
0.0283

Заев не се откажува: Очекуваме да стигнеме „блиску“ до просечна плата од 30.000 денари

Објавено во: Економија 02 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев не се откажува од предизборното ветување дека на крајот на мандатот просечната плата во Македонија ќе изнесува 500 евра. Мандатот истекува предвремно во април поради вонредните парламентарни избори, но шефот на македонската Влада смета дека сепак бројката ќе биде „блиску“ до ветените 30.000 денари.

„Со новото покачување на минималната плата од 14.500 денари, заедно со субвенционирањето на придонесите за работодавците кои ќе ги покачат платите до 100 евра, очекуваме да дојдеме многу блиску до 30.000 денари просечна плата“, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.

Нето-плата за септември 2019 изнесуваше 25.435 денари, а премиерот додава дека динамиката на раст ќе продолжи и во наредниот период.

„Ако порано просечната плата растеше за само 800 денари за 2 години, сега за 2 години платите се покачија за 2.300 денари и ќе продолжат да растат уште многу повеќе. Резултатите во економијата станаа видливи и опипливи. Ќе продолжиме да инвестираме во човечкиот капитал!“, додава Заев.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?