05 Мај, 2024
0.0255

ЗАЕВ КОНТРА МИЛОШOСКИ: Вели обвинувањата се „лаги со опашки“, а пратеникот прашува зошто комуницирал со адвокатот на Јанева

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Добро е што Заев призна дека бил во комуникација со адвокатот на рекетарката Катица Јанева, обвинува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. 

„Заев денес се обиде невешто да демантира, но добро е што призна дека бил во комуникација со адвокатот на рекетарката Катица Јанева“, му одговори денес на Фејсбук Милошоски. 

Претходно премиерот Зоран Заев изјави дека се „лажги со опашки“ тврдењата на пратеникот дека тој на лидерската средба изјавил дека Јанева за десет дека ќе биде пуштена во домашен притовор. 

„Мојот коментар беше оти од адвокатката Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предемтите. И тоа е коментарот за да продолжиме да преговараме. Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски“, изјави Заев.

Милошоски бара од Заев да даде одговор на неколку прашања. 

„Прво, во кое својство премиер на држава, кој не е ни обвинител, ни судија, во екот на најголемиот скандал на правосудството во историјата на Македонија, е во контакт баш со адвокатот на осомничената рекетарката и зошто со неа разговарале за мерките за обезбедување притвор или куќен притвор за Катица Јанева? Второ, од каде доаѓа потребата на адвокатката Ирена Фрчкоска да го извести токму премиерот Заев за тоа кои чекори ќе ги превземе осомничената Катица Јанева? И трето, дали оваа блиска координација на адвокатката и премиерот е во улога на “консилиере” на групата за “Рекет” и кој е тука главниот?, го прашува Милошоски. 

Јанева е во притвор за случајот „Рекет“. 

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник