19 Мај, 2024
0.0364

Заев: Консолидацијата на ЕУ ќе биде потполна кога таа ќе ги прифати во своето семејство земјите од Западен Балкан

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Форумот Кран Монтана во Брисел денес истакна дека Датумот за преговори за членствов во ЕУ е голем поттик и мотивација за сите граѓани и пред земјата, како никогаш досега, стои можност да затвори стратешкото поглавје од својата современа историја – полноправно членство во Европската Унија.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев имал обраќање на сесијата „Југоисточна Европа и нејзиното пристапување кон Европската Унија“, во кое ги запознал учесниците на форумот со искуствата од потпишувањето на Договорот за решавање на спорот за името и за стратегиско партнерство меѓу Република Македонија и Република Грција.

Како резултат на овој договор, рекол Заев, „дојде и одлуката на Европската Унија, на Република Македонија да и одреди датум за старт на преговорите. Нашата земја го заслужи тоа. Оваа одлука е непосреден повод за датумот за преговори за Република Македонија, но причините за неа се и препораките на Европската Комисија кој во април му достави на Европскиот Совет кристално чиста и безусловна препорака, дека нашата земја ги исполнува условите и треба да добие датум за отворање на поглавјата за пристапување. Само пред 24 месеци, Европската Комисија ја опиша Република Македонија како заробена држава. Термин за држави киднапирани од корупција и од авторитарни режими. Само една година подоцна, Европската Комисија нотираше позитивни промени, динамичен процес на реформи, инклузивност и општествен дијалог, политичка волја за решавање на споровите со соседите, и јасно изразена визија за европска иднина“.

Разликата со претходниот извештај, според македонскиот премиер, е драстична.

„Денес, Република Македонија е слободно општество со видлива политичка волја за реформи кои што недостасуваа во минатото. Консолидацијата на ЕУ ќе биде потполна кога таа ќе ги прифати во своето семејство земјите од Западен Балкан што ќе ги исполнат условите – се разбира. Нам сите ни е познато дека поттикот што ЕУ им го дава на земјите што преговараат во таа последна фаза од процесот за членство – е суштествен, исклучително фокусиран мотивирачки и охрабрувачки за земјите кандидатки за членство. Пред нас имаме конкретна цел. Никогаш не сме биле поблиску до членство во ЕУ“, нагласи премиерот Заев.

На Форумот Кран Монтана учествуваат претседатели и шефови на влади, како и други истакнати личности од политичкиот и општествениот живот на Европа


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“