15 Мај, 2024
0.3898

Заев ќе чека избор на собраниски потпретседатели за да го достави предлогот за новата влада

Објавено во: Македонија 24 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Иако имаше најави дека е можно предлогот на новата Влада, мандатарот Зоран Заев да ја достави до Собранието денеска, тој во изјава за ТВ 21 вели дека тоа ќе го стори откако Собранието ќе ги избере потпретседателите. Со изборот на Јетон Шаќири од ДУИ за министер за информатичко општество и администрација во саботата впрочем беа комплетирани сите министрески места во новиот владин кабинет, но подоцна во текот на викендов се брифираше за некои рокади на местата најмногу на кадрите од ДУИ. Дали уште не е готово, не се коментира. Заев тврди дека само чека на изборот на потпретседателите. 

„Прво парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите во парламентот и уште некои други одлуки, а исто така треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за влада и владината програма до парламентот, вели Заев.

Веќе пишувавме дека засега на веб страната на македонското Собрание не е закажана седница.  

Финалниот рок во кој треба да биде поднесен предлогот за состав на новата влада е 2 септември.

Инаку внатрепартиските тензии во ДУИ впрочем стартуваа само ден откако беа објавени имињата за новиот владин состав. Се тврдеше дека Изет Меџити од Чаир се спротивставува на предлогот Артан Груби да биде вицепремиер и министер за политички систем. Подоцна се брифираше дека Меџити ќе ја добие таа позција, а Артан Груби ќе биде министер за надворешни работи за каде ДУИ го предложи Бујар Османи. Ќе има ли рокади не се открива. 

Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава

ВО ОДБРАНА НА Д-Р НИКО РИПНАА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Поврзувањето на името на д-р Беќаровски со вакви невистини за остварување политички цели е скандалозно и некоректно! Еве што пишува во нивниот демант

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма