18 Мај, 2024
0.0511

Заев кажа кој треба да го решава прашањето за Гоце Делчев

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Прашањето за Гоце Делчев треба да го решава Мешовитата комисија, ја охрабруваме преку мостови на пријателство и позитивна призма да најдат решение, изјави премиерот Зоран Заев во „Само интервју“ на Канал 5. 

Вели дека тоа не е прашање на политика. 

Сакаме ова прашање да го реши Комисијата, како што најде добри решенија за Свети Кирил и  Методиј, Свети Наум, Климент Охридски и цар Самоил, да го реши и ова во духот на таа заедничка историја,  заради заедничко славење. Верувам дека ќе го најдат решението и за Гоце Делчев, наше е да охрабриме“, посочи претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во вечерашното интервју во рамки на емисијата „Само вистина“ и нагласи дека договорот меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да обединува, да прави мостови на пријателство и ниедна страна да не се обидува да присвојува нешто.

Тој истакна дека е многу важен пријателскиот договор склучен со Бугарија и нагласи дека од неговиот бугарски колега, премиерот Бојко Борисов нема никаква закана ниту коментар кон Северна Македонија.

„Важно е дека во Договорот Бугарија зема обврска да не подржува во нашите европски и евроатлантски интеграции. И Бугарија, тоа го прави, не само фигуративно“, рече премиерот Заев. 

Тој посочи дека во телефонскиот разговор со колегата Бојко Борисов станало збор за деталите за претстојниот самит на Берлинскиот процес во Софија, за совладувањето на здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19 и унапредување на економската соработка.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза