19 Мај, 2024
0.0290

Заев го пушти во употреба модернизираниот ГП Табановце

Објавено во: Економија 31 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Надградениот и модернизиран  граничен премин Табановце свечено е пуштен во употреба, со што се очекува да се олесни и забрза транспортот на стоки и патници, но и на регионалната трговија. Проектот чини 1,7 милиони евра, од кои 1,3 се европски пари. Проектoт се спроведуваше од јануари минатата година.
Табановце е еден од најфреквентните гранични премини во државата каде што се реализира 25 % од вкупниот број премини на товарни возила, каде што годишно поминуваат стотици илјади превозни средства и над четири милиони патници од и во Република Македонија. На настанот присуствуваа преставници од Владата, од Царинската Управа на Србија и други.

Градежите активности кои се спроведуваа во рамки на проектот финансиран од фондовите на Европската Унија, кофинансиран од Владата на Република Македонија има за цел да ја зголеми пропусната моќ на преминот за стокови пратки, за што се изградени две нови сообраќајни ленти, воведени се ефикасни контроли и современи стандарди во работењето на царинската лабараторија која целосно е опремена. На настанот кој е посветен на визибилност на поддршката на Европската унија за транспортните проекти во земјава, се обрати премиерот Зоран Заев.

“Го пуштаме во употреба новореконструираниот инфраструктурен капацитет на ГП Табановце, развиен според најмодерните и функционални стандарди за царинење и за олеснување на трговијата и контролата и ја стартуваме работата на интероперабилниот информатички систем на царинската управа со царинските информатички системи на ЕУ, односно ја носиме ЕУ, носиме високи стандарди на работа во нашата Македонија”, изјави Заев.

Компјутерскиот систем, ќе го подобри управувањето и контролата на транзитните постапки, ќе влијае на забрзувањето на царинските постапки и ќе овозможи поефикасен сервис кон граѓаните и бизнис заедницата.

“Република Македонија на патот на европската интеграција вложува големи напори за модернизација на транспртната инфраструктура која претставува занчителен придонес кон подобрувањето на економијата и трговијата, како на домашната така и на регионалната”, рече Заев.

Тој исткна дека Владата е насочена да ги модернизира сервисите за подобра услуга кон граѓаните.

Евроамбасадорот, Самуел Жбогар истакна дека на овој настан се означува и крајот на последната кампања „ЕУ за ВАС„ која се фокусираше на помошта на ЕУ во областа на транспортот. Новиот терминал посочи ќе помогне во олеснувањето на прекуграничната трговија долж Коридорот 10, што е најважната меѓународна рута низ земјата.

“Шеснаесет милиони евра помош од ИПА инструментот до националната Царинска управа до денес, од кои два милиони посветени на овој терминал, направија вистинско и мерливо влијание. Царината сега е повеќе реномирана и професионална институција отколку што беше во минатото”, изјави Жбогар.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници