02 Мај, 2024
0.0260

Задоволството да се има автомобил е најскапо во Хонг Конг

Објавено во: Стил 02 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Британската компанија „Prestige Perfomace Center GB“ направи свое истражување за тоа каде е најскапо да се поседува автомобил. Експертите ја оценувале  цената на нов автомобил, износот на осигурување и даночната вредност на горивото и парите што се плаќаат за место за паркирање. Лидер во повеќето од овие индикатори е Хонг Конг. Земјата е на третото место по средна вредност на автомобил - 27 694 долари. Во Хонг Конг, се плаќа најскапо осигурување за автомобилот - просек од по 3000 долари годишно. По неа во овој дел се Бразил со проесечноосигурување од 2700 долари и Канада  со 2000 долари. На крајот на листата се земјите пак од јужниот дел на Африка, Русија и Саудиска Арабија префектурата, каде што осигурувањето на автомобилот е околу 300 долари годишно. Повеќето земји имаат скапо гориво. Така во најмногу се плаќа во Турција, каде за бензин годишно сопственик на автомобил троши во просек околу 5000 долари. Слични со овие цени се  Хонг Конг и Италија, додека најевтино гориво има во Саудиска Арабија, Венецуела, Русија и земјите од Северна Африка. Хонг Конг е на прво место и по цена на место за паркирање.  Да поседува сопствено место, сопственикот на автомобилот плаќа околу 10 000 долари годишно. За споредба, во САД, кои се на второто место во ова рангирање, цената е помеѓу 3000 и 7000 долари. Повторно, Хонг Конг, и е лидер во делот за највисок данок за автомобил - околу 10 000 долари годишно. Јужна Кореја бара  2.200 и Русија  1500 долари на пример.