Забраната за протести во Киев не важи-граѓаните уште помасовно излегоа на улиците
Објавено во: Свет 19 Јануари, 2014
Денеска во центарот на Киев се собраа околу сто илјади демонстранти и покрај новите закони, со кои се ограничува правото на протести.
Голем број од учесници на главите носеа лонци и други маски, исмевајќи се на прописите, според кои на демонстрантите им е забрането да ги покриваат лицата.
Украинскиот претседател Виктор Јанукович минатата недела предизика незадоволтво и на меѓународен и на домашен терен, одобрувајќи серија закони, со кои на Украинците им се ограничува правото на протести, граѓански активизам и слобода на говорот. САД овие закони ги нарекоа недемократски.
Опозицијата и некои граѓански и верски лидери ги повикаа денеска Украинците да продолжат со протестите и борбата за демократија.
Со новите закони забранети се сите видови на антивладини протести, како и недозволено поставување на шатори и бини, а за кршење на јавниот ред се пропишани затворски казни и до 15 години.