ЗАБРАНА ОД ПУТИН: Еве какви имиња не смеат да даваат на децата
Објавено во: Свет 02 Мај, 2017
Рускиот претседател, Владимир Путин забрани употреба на пцовки, броеви, знаци за интерпукција, како и имиња на занимања при давање имиња на деца.
Оваа материја е регулирана со закон кој го потпиша Путин.
Законот ќе регулира како детето ќе се презива, односно според договорот со таткото и мајката детето ќе го носи презимето на таткото или мајката или и едното и другото споено со тире.
Медиумите во Русија пренесоа дека пред овој закон не постоело ниедно друго ограничување при давање имиња на деца. Државните институции биле обврзани во регистарот да го запишат името кое родителите го дале на своето дете.
Причината зошто овој закон воопшто е донесен е случај со едно дете кое родителите планираа да му дадат име BOCIRVR - Биолошки објект на човек од семејството Воронови-Фролови.
Детето се родило на 26 јуни 2002 година, но поради спорот кој се водел околу името, документите ни денес не се издадени за него.
Најчудни имиња на децата давале граѓаните од Москва и тоа Николај-Никита-Нил, Христамрирадос, Делфин, Април, Принцеза Даниела, Океана, Софија-Сунашце и други.