09 Мај, 2024
0.0262

За увозот на струја: Ковачевски повторно со напади кон Мицкоски

Објавено во: Економија 07 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски како директор на АД ЕСМ, поранешна ЕЛЕМ го подготвувал увозот на скапа струја во јануари 2017 уште претходно минатата година, обвини денеска Васко Ковачевски, актуелен директор на компаниајта. Вчера го обвинија Мицкоски дека во месец јануари 2017 година увезол струја по цена и до 240 евра за MWh и потрошил 5.600.000 евра, денеска, како што вели, објаснува како била процедурата. 

Подготовката на увозот почнала претходно, кога на 29 декември 2016 година, Мицкоски  бара од Регулаторната комисија за енергетика да им ги пратат правилата за набавка на електрична енергија. На 5 јануари 2017 година добиваат решение од Регулаторната комисија за одобрување на правилата за набавка на струја, и веднаш, од 8 јануари го започнуваат скапиот увоз на струја. Истовремено, уште додека ја чекале дозволата, извршиле исклучување на блокови во РЕК Битола и РЕК Осломеј. Почнале и засилено да ги експлоатираат хидроелектраните и да ја трошат цела вода, додека во исто време го организирале увозот на струја по фантастично високи цени. Ниските температури со кои денес се правда Христијан Мицкоски не се никакво оправдување. Ниски температури имало секогаш, а во битолскиот регион низ годините наназад редовно паѓале и до минус 25 и до минус 27, рече Ковачевски.

Според него факт е дека раководството на чело со Мицкоски ја внело компанијата во грејната сезона без доволно јаглен и со неремонтирани блокови.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување