04 Мај, 2024
0.0392

За успех е важно како ќе го започнете денот

Објавено во: Стил 11 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Барем што се однесува на онаа “по утрото се познава и денот“, како го започнуваме својот ден прилично одредува каков ќе биде и неговиот тек. Често слушаме дека важните и успешните луѓе стануваат рано и своите работи ги средуваат додека другите спијат. Еве ги утринските ритуали на некои успешни луге. Барак Обама Претседателот на САД сам за себе вели дека е ноќна птица, но и покрај тоа станува доволно рано за да ги направи своите утрински вежби. Ана Винтур Славната уредничка на ВОГ пред редовното одење на фризер во 6:45, денот го започнува со тениски меч и тоа во 5:45. Маргарет Тачер Челичната лејди останувала будна до 2 или 3 часот после полноќ, но на нозе била уште во 5 за да ја слуша Farming today, економски вести на BBC. Тим Армстронг Директорот на AOL вели дека станува од кревет веднаш и тоа во 5 или во 5:15 и потоа или одговара на мејлови или вежба. Гвинет Палтроу Уште еден поборник на здравиот живот. Секое утро станува во 4:30 за да вежба јога. Во прашање е одлучност, јас сум многу строга кон себе.