29 Април, 2024
0.0350

За три дена потрошил 15 милиони евра во Дизниленд!

Објавено во: Стил 03 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

За три дена во парискиот парк Дизниленд, саудискиот принц Фахд ал-Сауд успеал да потроши дури 15 милиони евра. Ова го соопшти управата на тематскиот парк од каде додаваат дека принцот за прославата на својата штотуку добиена диплома, го закупил целиот парк од 22 до 24 мај и повикал 60 гости. Притоа три дена паркот бил под строг режим на безбедност, а никој не смеел да му пречи на принцот. Иако лани Евро Дизни  го посетија 16 милиони гости, паркот уште од отварањето пред 20 години, досега не успеал да оствари толкав профит. Од октомври лани, до март годинава, паркот забележал губиток од 89,1 милион евра.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти