15 Мај, 2024
0.0272

ЗА ШТО ЈА ОБВИНИ КАЗНЕВ: Ле Пен стравува од нови напади

Објавено во: Свет 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Кандидатката за претседател на Франција, десничарката Марин Ле Пен вели дека се плаши од нов терористички напад во Франција во наредните денови,  пишува „Daily Express“.

Таа изјави дека „знае“ дека терористичката група „Исламска држава“ планира неколку жестоки напади во земјата пред изборниот ден.

„Да, верувам дека може да има друг напад пред првиот круг од претседателските избори во неделата. Не можам да кажам повеќе за тоа, но ние знаеме дека барем еден терорист бил испратен од „Исламска држава“, за да изврши напад во Франција пред првиот круг на изборите во неделата, и дека овој човек веројатно уште е на слобода“- рече Ле Пен.

Премиерот  Бернард Казнев вели дека Ле Пен бара начин да ја искористи пукотницата во Париз во која загина полицаец, за да собере политички поени и да направи раздор во народот.

Казнев, кој е член на француската социјалистичка влада, реагираше на реакцијата на Ле Пен на пукањето во Париз, а го издвои и претседателскиот кандидатот Франсоа Фијон, критикувајќи го неговиот пристап кон безбедноста додека тој бил премиер.

Тој рече дека Ле Пен гледа да го „искористи стравот без никаков срам“, додавајќи дека ништо во пукањето не може да се доведе во врска со имиграцијата.

Казнев го критикуваше повикот на Ле Пен за повторно воведување на контроли на границите и да се протераат странците од земјата кои се на списокот за набљудуање на разузнавачките агенции, велејќи дека порано гласала против таквите безбедносни чекори на владата.

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“