ЗА ПРВ ПАТ: Вработен докажал дека добил тумор на мозокот од мобилниот телефон
Објавено во: Свет 22 Април, 2017
Италијанскиот суд, прв во светот, пресудил дека користење на мобилен телефон предизвикал појава на бенигнен тумор.
Откако научниците се обидуваат да утврдат дали претераното користење на мобилните телефони на било кој начин го загрозуваат човечкото здравје-и досега ниту една студија не покажала врска помеѓу употребата на мобилниот телефон и здравствени проблеми. на корисниците.
Меѓутоа, тоа не го спречило судот во италијанскиот град Ивреи на работникот од Телеком Италија, да му додели инвалидска пензија токму поради користење на мобилниот телефон.
57-годишниот Роберто Ромео го тужел својот работодавец бидејќи во текот на 15 години на работното место бил присилен активно да телефонира по пат на мобилен телефон, и тоа 3-4 часа на ден. Сигурносните стандарди на компанијата притоа велат дека телефонирање подолго од час време се карактеризира како „сериозно“. Несреќниот Ромео после повеќе години на таква работа добил дијагноза на бенигнен тумор на десната страна на мозокот, а тој заклучил дека таа болест е директна последица на неговото претерано работно телефонирање.
Поради туморот го изгубил и слухот на десното уво, и одлучил да го тужи својот работодавец, и на крај судот пресудил во негова корист доделувајќи му пензија од околу 500 евра месечно.
Ова е првиот случај во светот правосудството, а не медицината, да потврди причинско последична врска помеѓу користње на мобилен телефон и настанување на тумор.
На оваа пресуда уште се можни жалби, а Ромео за италијанските медиуми изјавил како „сите мораме да бидеме свесни за можна штета и да внимаваме како ги користиме мобилните телефони“.