ЗА ОВА ВО ГЕРМАНИЈА ЌЕ ПЛАТИТЕ 25.000 ЕВРА КАЗНА: Ако сте љубител на домашна скара, заборавете ја идејата за да ја правите дома
Објавено во: Свет 10 Април, 2024
Мирисот на комшиска скара едноставно не може да ве искушува меѓу германските згради, бидејќи скарата на тераса е забранета со закон. Треба да се напомене и дека казните достигнуваат и до 25.000 евра, а доколку не го почитувате ова правило, ризикувате да завршите на суд.
Германските медиуми јавуваат дека најголем проблем е ако користите јаглен за печење. Имено, премногу чад од скара не само што може да создаде непријатност, но и чувство на глад кај соседите, туку ги прекршувате и германските закони за заштита на животната средина, пишува Index.hr.
Казните се движат до 25.000 евра, а ако тоа го правите често, може да завршите на суд.