02 Мај, 2024
0.0266

За нова амбалажа и нови линии производи, органски салати и хулахопки: Какви проекти добија пари од Фондот за иновации

Објавено во: Финансии 18 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Кои компании и какви проекти добија финансии од Фондот за иновации и технолошки развој?. Во јавноста се отворија прашања каква била селекцијата на фирмите кои ќе бидат ко-финансирани, дали имало строги критериуми за избор. Меѓу компаниите кои се избрани, има и такви кои имаат долгови, но од Фондот велат дека билансите на успех не се разгледувале во процесот на селекција. Фондот поддржа над 80 компании со околу 10,5 милиони евра.

Анализа на целата листа на добитници покажува дека Дуна Компјутери и нејзиниот официјален сертифициран сервисен центар за фискални уреди „Гигабел“ во ИТ-секторот ќе добијат по 10.000.000 односно 11.381.160 денари за проект за технолошки развој  „Ултима Вин“, односно за проект од областа на иновативноста со фискални системи. „Дуна“ има вкупно најголем буџет од 64.111.949 денари заедно со сопствените средства кои ги вложува.

Во машинството, лераницата на сиво и модуларно железо Каст Инвест ќе добие 9,99 милиони денари за проектот „Ја лееме нашата иднина“. Во графичарската индустрија, Гинис за „Гинис Принт 2018“ добива 9.999.338 денари. Во градежништвото, компанијата за фасади Успепор повлекува 20 милиони денари за ЕПС иновативен развојно-истражувачки технолошки систем. Фондот ќе го ко-финансира проектот „Аеросолен систем за брзо гасење пожар“ на микро-претпријатието Веда со 13.802.484 денари. Салонот за природна козметика Омега Рисрч за иновација во биохемијата ќе биде помогната со 11.180.260 денари. 

МЗТ Инженеринг ДОО од Битола, едно од најстарите приватни претпријатија, познато по пресување железо за разни индустрии и изработка на сопствени алати, ќе биде помогнат со 16.082.500 за изработка на модуларни соларни кровови. Веќе докажаниот во странство АД Микросам Прилеп во секторот електроника со дополнителни 19.925.977,од Фондот ќе се обиде да воспостави проект кој можат да го разберат само научници и врвни инжењери под името „Развој на систем за роботско полагање на терморекреативни, термопластични и суви ленти на рамни и просторно криви површини“.

Брендот „Виталиа“ е добитник на 18.131.055 денари од технолошката индустрија за „Сурова храна - Иднината на здравата исхрана“, а слична сума добива и сопственикот на „Горска“ за нова амбалажа. Новоформираната англиско-македонска компанија „Елисиум“ која извезува храна за западните пазари со софистицирано пакување и дистрибуција на храна во земјоделството ќе конкурира со „Хектар 3“ со 19.881.340 денари доделени од Фондот.

Од Фондот за иновации се децидни дека изборот е транспарентен и критериумите биле јасни.

„Билансот на состојба на претпријатието игра улога единствено при административната проверка на проектните апликации кои пристигнуваат на јавните повици на Фондот односно при утврдување дали компанијата е микро, мала, средна или голема и дали е соодветна за конкретниот повик или инструмент. Не е критериум за доделување на средствата во фазите на претселекција и селекција односно одлуката за доделување на се базира на постојните финансиски резултати (приходи, добивка), велат од Фондот.

Велат дека во фазата на реализација, како и три години по завршувањето, Фондот ќе ги следи билансите на компаниите од аспект на проценка на ефектите од реализираните инвестициски проекти.

За јавниот повик од третиот столб, од Планот за економски раст кој што се спроведуваше преку ФИТР постојат 4 инструменти, од кои еден е исклучиво за поддршка на микро претпријатија, два инструменти се за поддршка на мали и средни претпријатија и еден е за поддршка наиновации кој е отворен за сите.

Инаку клучни критериуии за оценувањето се степенот на иновативност или на технолошки развој, квалитетот на изготвениот проект, капацитетот на проектен тим, потенцијалот на пазарот. Селекцијата на сите апликации на јавните повици на Фондот вклучително и овој од третиот стопб, ја прави Комитетот за одобрување на инвестиции. Комитетот има пет члена кои ги избира Владата од редот на експерти со најмалку десетгодишно меѓународно искуство од областа на инвестициите во иновациската дејност. Членовите се избираат под услови и критериуми утврдени во меѓународен оглас и се именуваат за период од три години. 

Комплетната листа на добитници, сумите и проектите можете да ја погледнете на следниот линк.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција