За нас не важат, но и Црна Гора има нови анти ковид мерки
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 20 Август, 2021
За нас нема да важат, но и Црна Гора има нови анти ковид мерки.
Границите на Црна Гора остануваат безусловно отворени за држвјаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Србија и Македонија, како и за црногорските државјани кои доаѓаат од тие земји, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Црна Гора. Милена Липовина Божовиќ од Министерството за економски развој изјави дека сега не постои значаен епидемиолошки ризик од овие држави, а поради туристичката сезона економскиот бенефит е голем.
Патниците од другите држави треба да имаат доказ дека се имунизирани, да имаат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, да го прележале вирусот или да имаат брз антигенски тест не постар од 72 часа. Доколку немаат ниту еден од тие четири докази ќе бидат упатени во 14 дневна самоизолација која може да ја прекинат шест дена по влегувањето во Црна Гора ако имаат негативен ПЦР тест.
Во Црна Гора вчера имаше 532 новозаразени и 5 починати.
Нови мерки од денеска се на сила и во Бугарија.
foto unsplash.com