19 Мај, 2024
0.0290

ЗА МАКЕДОНЦИТЕ КАЈ КОИ ПОМИНАЛЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ОД РЕВАКЦИНАТА - Германија дозволува влез без оглед на причините за патувањето

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Германската влада од следниот петок ги укинува строгите ограничувања за влез на патници од трети земји надвор од ЕУ. Отворањето ќе важи и за државјаните на Северна Македонија, јавува Дојче Веле.

Од петок 25 јуни во Германија ќе бидат дозволени посети и туристички патувања за вакцинирани лица од земји надвор од ЕУ, соопшти вчера доцна вечерта германското министерство за внатрешни работи. Олеснувањето на мерките најпрво ќе важи само за целосно вакцинирани лица со вакцина одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Во моментов, одобрени од ЕМА се вакцините на Бајонтек/Фајзер, Модерна, АстраЗенека и Џонсон и Џонсон. Руската вакцина Спутник V и двете кинески: Синофарм и Синовак засега немаат зелено светло од европската агенција. 

„Проширувањето на листата со други вакцини со слични стандарди за заштита ќе биде можна кога ќе бидат извршени потребните тестови“, соопшти германското МВР. 
Како целосно вакцинирани лица се сметаат оние кај кои минале 14 дена од примањето на втората доза на вакцината. 

Одлуката на германските власти значи дека македонските државјани од петок 25 јуни ќе можат слободно да влегуваат на германска територија доколку се целосно вакцинирани без оглед на причината за патувањето, пишува Дојче Веле.

Извор: Дојче Веле

Можеби ќе ве интересира

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално