За колку скокнаа акциите на Фејсбук?
Објавено во: Финансии 13 Април, 2018
Цената на акциите на Фејсбук порасна за 5 проценти, со што пазарната вредност на компанијата се зголеми за повеќе од 24 милијарди долари. Ова е првиот раст на вредноста на акциите на Фејсбук од почетокот на скандалот кон средината на март.
Од сторијата на Гардијан до моментот пред сведочењата, кои траеа вкупно 10 часа, вредноста на Фејсбук падна за скоро 80 милијарди долари. Иако компанијата има уште за враќање, новиот раст се толкува како сигнал дека берзата ги има олабавено своите стравови.
За време на двете сослушувања, прашањата се движеа од најосновни околу бизнис моделот на компанијата, до тоа како функционираат системите на Фејсбук, што и како се прави со личните податоци, за рекламите и слично.