За колку пари ќе „копа“ Циле во РЕК Битола?
Објавено во: Економија 31 Јули, 2018
Градежната компанија „Пелистер“ и сопственикот Силјан Мицевски стануваат специјалисти за добивање тендери во РЕК „Битола“, овој пат цената е 89 денари за гигаџул.
Според договорот, оваа набавка треба да се реализира во рок од 7 месеци и „Пелистер“ да добие 5,2 милиони евра за ископ и дробење на јаглен, транспорт на јаглен и јаловина, конструкција на одлагалиште за јаловина и одржување на транспортни патишта.
Од 2012 наваму, Конзорциумот„Пелистер“ копаше заедно со „Гранит“ по цена од 114 денари за гигаџул и со „Трансмет“ при што едната за гигаџул наплаќала 79 денари во блокот А, а друга наплаќала 93 денари за гигаџул во блокот Б, што може да се види подетално на Фактор.