За Борис Тадиќ убиството на Ивановиќ е враќање во 90-те години
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2018
Српската опозиција остро го осуди убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, со барање за зачувување на мирот и итно откривање на сторителите.
Поранешниот српски претседател и лидер на Социјалдемократската партија, Борис Тадиќ вели дека Србија со политичките убиства се враќа во 90-те години и додаде дека убиството на Ивановиќ е терористички чин.
Тадиќ потсети дека Оливер Ивановиќ се борел за помирување меѓу српскиот и албанскиот народ. Тој воедно побара сите да се воздржат од оценки кој е виновен за убиството додека не се заврши истрагата, а актуелната власт да се „воздржи од ширење на агресија во српскиот јавен и политички простор.“