26 Април, 2024
0.0297

ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА УШТЕ ИМА ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ПЛАТИ ПОД 18.000 ДЕНАРИ - синдикатите протестираат: Бараат зголемување

Објавено во: Македонија 08 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Иако од март годинава официјалната минимална плата во земјава изнесува 18 илјади денари, за јавната администрација се уште осамнуваат огласи во кои се бараат луѓе кои ќе земаат многу пониски од таа плата.

Најнов таков случај е огласот за вработување на 15 лица во Министерството за економија, каде меѓу неколкуте државни службеници што се бараат на вчера објавениот оглас на веб страницата на Агенцијата за администрација, има и такви за кои се предвидува плата од 14.573 илјади, како и плата од 16.530 денари. Овие износи се пониски од минималмната плата.

Фактор праша во Министерството за економија зошто кај нив се нудат работни места за плата пониска од минималната.

Оттаму велт дека за работните места од категорија Г, платата е помала од 18 000 денари, бидејќи Законот за административни службеници сеуште не е усогласен со Законот за минимална плата, а во случајот се работело за вработување на административен службеник во постапка која се води врз основа на Закон за административни службеници. 

„Воедно, укажуваме дека со донесување на измените на Законот за административни службеници, процедура која е во тек, ќе се изврши усогласување со Законот за минимална плата“, се вели во одговорот кој го добивме од Министерството за економија.

Прашавме во Економија и зошто на овој ресор му се потребни 15 нови вработени и дали се неопходни тие вработувања. 

Оттаму го даваат следново објаснување.

„Огласите се објавени поради тежината на работните задачи, како и зголемен обем на работа на Министерството, а истите не се пополнети со извршители согласно Актот за систематизација на работните места“, потенцираат од Министерството за економија.

Инаку, токму неусогласените плати со минималната се причина за протестите на Синдикатот на УПОЗ, кои се одвиваат деновиве.

Синдикатот на управата, правосудството и здруженијата на граѓани вчера реализираше протест со двочасовен прекин на работата во сите министерства, агенции, фондови, управи и судови, каде што имаат синдикални организации.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски вчера во изјава за медиумите рече дека преку протестите се бара линеарно зголемување за сите плати за 2.806 денари, исплата на минимална плата по закон, и потоа корекција на платите на сите вработени кои треба да добијат над минималната плата.

„Ситуацијата не е одржлива. Сите вработени добија под минимална плата. Редно време е Владата да најде средства и да ги зголеми еднаш за секогаш платите во администрацијата“, рече Деаноски.

Ќе се протестира и денеска со прекин на работата од 10 до 12 часот, а следните чекори Синдикатот ќе ги преземе во консултација со сите вработени.

Според претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски, треба да се усогласат барањата на синдикатите.

„Барањата не се исти. Ние имаме барање за линеарно зголемување за сите вработени за 2.806 денари. Прво треба да ги усогласиме нашите барања“, изјави Димовски.

Од УПОЗ не се задоволни ниту со измените на Законот за административни службеници, кои се во собраниска процедура. Незадоволство од овој закон изрази и Кондеферацијата на слободни синдикати.

Инаку, едно од работните мнеста за кое се бара човек во Министерството за економија е самостоен референт за канцелариско и архивско работење, за кое се нуди плата од 16.530 денари. Тој треба да има више или средно стручно образование и најмалку три години работно искуство во струката. А, овој човек ќе работи со полно работно време, односно 40 часови неделно, се наведува во огласот.

Се бара и помлад референт за административни работи, кој ќе зема плата од 14.573 денари, што е за три и пол илјади денари пониско од минималната плата. Тој треба да има више или средно образование, а може но и не мора да има работно искуство. И тој ќе има полно работно време од 40 часа.

Најголем број од огласите за кои се бараат работници во Министерството за економија се за плати од 22.080 денари.  

Па така, за таа плата се бара помлад соработник за развој на политиката за конкурентност, помлад соработник за топлинска енергија, помлад соработник - преведувач од албански на македонски јазик и обратно, помлад соработник за пазар на природен гас, помлад соработник за јавни набавки, помлад соработник за правни и административни работи, помлад соработник за односи со јавноста, помлад соработник - преведувач од албански на македонски јазик и обратно, помлад соработник за анализа и следење на слободно движење на стоки на ЕУ, како и помлад соработник за мониторинг и следење на догoворите за концесии за геолошки истражувања на минерални суровини.

Само две работни места се поатрактивни, и тоа раководител на одделение за преводи, лекторирање и јазична редакција, како и раководител на одделението за прекршочна, судска и управна постапка, кои ќе земаат плата од 29.749 денари.

Пред неколку дена повик за вработување на 17 службеници распиша и Министерството за финансии, каде исто така имаше пониски плати од минималната, односно се наведуваа и плати од 15 илјади денари. Една од платите во огласот беше и за самостоен референт за човечки ресурси, кој треба да зема плата 16.495 денари.

На пишувањето на Фактор дека во државната служба платите не се атрактивни, тогаш од Министерството за финансии реагираа дека тие не отстапуваат од платите во останатите министерства.

„Она што го добиваат кадрите кои ќе се вработат во Министерството за финансии е навистина вредно професионално искуство на ниво споредливо со меѓународните финансиски институции. Министерството за финансии има високо реноме, не само во земјава, туку и во меѓународни рамки, за што потврда се партнерските односи и соработката со меѓународните институции“, објаснија од Финансии.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот