Wizz Air со попуст за сите летови резервирани денес
Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2016
Ниско буџетниот авиопревозник „Wizz Air“ пушта 20% попуст на цените на сите летови, соопштија од компанијата на својата Фејсбук страница.
Понудата важи само за клиентите на WIZZ Discount Club, а промоцијата ги вклучува даноците, задолжителните давачки и мал кабински багаж (макс .: 42 x 32 x 25 см), но ја исклучува административната такса.
За да ја искористат патниците промоцијата, и за да купат услов е оние кои купуваат билет да се членови на WIZZ Discount Club .
Цената важи само за резервации направени на wizzair.com, и на мобилна апликација WIZZ.
Оваа промоција важи до ноќеска на полноќ.