Вучиќ вели дека српската економија не може да издржи повеќе бегалци
Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2017
Уште не сум добил доволно убедливо решение за справување со миграциската криза. Светот повеќе се занимава со последиците, а не со побарувачката на решение, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ за време на самитот во Давос.
„Но, не и во Србија, бидејќи имаме сили да се зачуваме и заштитиме. Се плашам дека, сепак, во регионот ќе дојде до поголеми проблеми”- кажа Вучиќ.
Тој појасни дека српската економија не може да издржи повеќе и голем број на бегалци Според него, Србија може да прифати 1000, 2000 до 5000 бегалци, но не и повеќе, бидејќи економијата нема да издржи .
Вели дека е загрижен од тоа што ќе се случи и потсети дека доаѓа пролет и според него некои земји од Централна и Западна Европа многу брзо донесуваат одлуки за затворање на границите.
„Тоа ќе значи крај на Шенген, крај за слободно движење на луѓе, стоки, капитал, што од своја страна целосно ја менува економската средина”- изјави српскиот премиер.
Додава дека одделни држави со оградите, заградените ѕидовите се надеваат да го решат проблемот, но тоа може да доведе до поголеми проблеми во регионот.
„