Вучиќ вели дека постои идеја „лажната држава“ Косово да влезе во НАТО
Објавено во: Балкан 02 Февруари, 2023 18:24
Постои идеја Косово да биде примено во НАТО, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој Косово го нарече лажна држава. Претседателот вели дека верува дека во следните два-три месеци ќе има нова дискусија, но не под овие услови. Вучиќ рече дека сите се обидуваат да ја натераат Србија да го признае Косово.
„Мораме да се бориме Европа да сфати дека ние не сакаме да предизвикуваме конфликти“, рече Вучиќ.
Во српското Собрание денеска имаше тензии и за малку е избегната тепачка. Во турканицата учествуваа пратеници од Двери, движење Заветници, Народна партија и ДСС, кои го прекинаа Вучиќ скандирајќи и велејќи „Предавство“ и „Косово нема да го дадеме“, а потоа се упатија кон претседателот и се обидоа физички да го нападнат.Србија доби француско - германски предлог за решавање на косовското прашање. Веќе има сугестии од одредени политичари дека Вучиќ треба да го отфрли предлогот.
Косово со години одолговлекува и не дозволува формирање на Заедница на српски општини.
Фото: Milos Miskov / AFP / Profimedia
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




