19 Декември, 2025
0.2060

(ВИДЕО) ЗА МАЛКУ ТЕПАЧКА ВО СРПСКОТО СОБРАНИЕ, ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ УПАТИЈА КОН ВУЧИЌ: Експресно реагираше обезбедувањето

Објавено во: Балкан 02 Февруари, 2023 14:51

Добивај вести на Viber

Целосен хаос во српското Собрание следеше во попладневниот дел од расправата, кога пратениците од опозицијата, пред се Двера и Заветник, се упатија кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Прво извикувале „предавство, предавство“, „Косово е срцето на Србија“, а потоа отишле на местото каде што седел.

Во исто време станаа и пратениците на СНС, кои исто така се упатија кон масата на претседавачот. Во оваа мешаница, која траеше околу 15 минути, во салата влезе и собраниското обезбедување.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој седеше во тоа време, ги повика пратениците на СНС да бидат смирени и да и дозволат на опозицијата „да го покаже своето лице“. Тој рече и дека опозициските парламентарци и нанеле огромна штета на Србија со циркусот што го создале во парламентот.

- Од вас ќе ги браниме Косово и Србија - им порача на оние кои скандираа „предавство“ и „оставка“.

Оваа атмосфера на работ на инцидент настана откако лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ го повика Собранието да го отфрли француско-германскиот предлог за Косово и по неговите обвинувања против власта, за која рече дека сака да изврши предавство.

- Дадоа 35 наши светилишта и сите ги обновивме, кои ги срушија со албанските сепаратисти - рече Вучиќ.

Како што додаде, „тие пратеници кога некој не се согласува со нив, веднаш би ги претепале“. Тој вели и дека граѓаните можеле да видат хулиганско однесување.

-Не се надеваа дека нема да го признаеме Косово во ОН, јас реков дека нема да дозволиме Косово да влезе во ОН. Ова е единственото нешто на што се надеваат, да се разбереме, бидејќи тоа е единственото нешто што ги интересира. Ние покажавме дека сме подготвени да слушаме, а тие не се подготвени да слушаат - изјави Вучиќ.

Сандра Божиќ потпретседател на српското Собрание објави видео од турканицата на нејзниот профил на Твитер. 


Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен