Вучиќ со кратка честитка до Заев
Објавено во: Македонија 31 Август, 2020
Српскиот претседател Александар Вучиќ преку својот профил на Твитер денеска упати кратка честитка до Зоран Заев како старо-нов премиер на Република Северна Македонија.
-Очекувам да ги потикнеме економските врски, како и соработката во другите области од заеднички интерес, а на добробит на граѓаните на Република Србија и Република Северна Македонија, гласи честитката на Вучиќ на Твитер.
Заев доби честитики и од другите лидери од регионот, вклучувајќи го и бугарскиот премиер Бојко Бориосв, како и европските функционери како Еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи.